Младата женска репрезентација на Македонија за одбојкарки до 17 години, го претрпе и третиот пораз на Балканското првенство што се одржува во Врњачка Бања, Србија.

Откако беа совладани од Турција и Грција со убедливи 0:3, попладнево нашите млади одбојкартки загубија од Црна Гога со 1:3.

Во натпревар од 3.коло, а во рамките на Б групата на Балканијадата, македонските одбојкарки денеска го одиграат својот најдобар натпревар, но тоа не беше доволно за избраничките на селекторот на Александар Митев да се радуваат на првата победа.

Црногорките го добоја првиот сет со 25-15, а во вторниот напите одбојкарки беа подобри со 25-23. И третиот сет налик на првиот па пторивничките го добија со 25-17 за водство од 2:1. Во летвртиот иако се понадевавме дека црвено-жолтите може да стигнат до узрамнување и решавачки пети сет сепак тоа не се случи, бидејќи Црногорките го добија сетот со 25-23, а со конечни 3:1 и мечот.

Така Македонија групната фаза ја заврши како 4-то рангирана во Б групата, па во следниот меч за пласман од 5-тото до 8-то место на Балканијадата, утре од 12.30 часот, ќе игра против трето рангираната репрезентација од А конкуренцијата, а тоа е Романија.