Долгите преговори и неизвесност околу иднината на Марцело Брозовиќ добија разрешница, Хрватот се сели во Саудиска Арабија и ќе му биде соиграч на Кристијано Роналдо, во Ал Насар.

По девет сезони во Интер, во кој освои Скудето, две титула во купот и суперкупот на Италија, а играше и финале во Лигата на Шампиoните и Лигата на Европа, Брозовиќ заминува од Милано, во трансфер вреден 16 милиони евра.

Хрватот стави потпис на договор до 2026 година, а според податоците во медиумите, според истиот ќе заработува дури 35 милиони по сезона, што го прави убедливо најплатен хрватски играч во историјата.

Во видеото со кое Ал Насар го промовираше Марцело Брозовиќ напишаа: „Го посакуваа сите, а тој не посакуваше само нас“.