Младата македонска женска репрезентација за одбојкарки до 17 години, попладнево ќе го игра третиот натпревар на Балканското првенство што се одржува во Врњачка Бања, Србија.
По двата порази од Турција и Грција, а во рамките на Б групата на Балканијадата, македонските одбојкарки денеска ќе се надигруваат со врсничките од Црна Гора.
И Црногорките во првите два натпревари претрпеа порази, а според прикажаното се со релативно ист квалитет како и нашата селекција. Затоа избраничките на селекторот на Александар Митев, денеска може да се надеваат на првата победа, се разбира доколку одиграат на високо ниво.
Покрај овој натпревар младите македонски одбојкарки ќе одиграат уште два и тоа за пласман од 5-тото до 8-то место на Балканијадата.
Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора чиј почеток е закажан за 15 часот,
ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.