Женската пионерска репрезентација на Македонија за одбојкарки до 17 години настапува на Балканијадата, што се одржува во Врњачка Бања, Србија.

Нашите млади одбојкарки се дел од групата Б во која вчера во рамките од првото коло загубија од селекцијата на Турција.

Избраничките на селекторот на Александар Митев и денеска, во рамките од второто коло, ќе имаат тепка задача бидејќи играат против врсничките од Грција кои во првиот свој меч против Црногорките покажаа дека се квалитетен тим славејќи со 3-0 во сетови.

Денешниот дуел меѓу младите одбојкарки на Македонија и Грција започнува од 14 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

БАЛКАНИЈАДА – Пионерки У17, 
Б групата
Сабота ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 3-0 (25:17, 25:14 и 26:24)
Недела МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА (15 часот)
Понеделник МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА (15 часот)