Актуелниот светски првак и лидер во генералниот поредок, Макс Верстапен оствари најбрзо време на денешниот прв, официјален тренинг на Ред Бул Ринг, каде во недела ќе се вози австриското Гранд-при.

Холанѓанецот беше побрз од возачите на Ферари, Карлос Саинц и Шарл Леклер.

Зад ова трио со повеќе од половина секунда побавно време завршија Луси Хамилтон на Мерцедес, Серхио Перез од Ред Бул и ленс Строл од Астон Мартин.

Овој тренинг беше најава за она што следува, а тоа се денешните квалификации за пол-позицијата (од 17 часот), односно стартниот редослед, според кој утре и задутре ќе почнат двете трки.

Утрешниот  спринт е закажан за 16:30 часот, додека неделната =рка за Големата награда на Австрија ќе започне од 15 часот.