Машката јуниорска селекција на Македонија за кошаркари до 18 години, подготовките за претстојното Европско првенство, дивизија Б, ги продолжува со три контролни натпревари.

Од денеска до четврток во Гевгелија стартува новото издание од меѓународниот турнир „Бобан Петковски“, на кој нашите јуниори ќе одиграат три контролни натпревари и тоа со врсниците од Израел, Црна Гора и Грција.

Ова е добра можност за селекторот да ја провери подготвеноста на играчите за главниот настап Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 21 до 30 јули, ќе се одржи во Матошинос, Португалија.

МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „БОБАН ПЕТКОВСКИ“ 2023 – ГЕВГЕЛИЈА
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
27. јуни (вторник)
17.00 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА
19.00 ЦРНА ГОРА – ИЗРАЕЛ
28. јуни (среда)
17.00 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
19.00 ГРЦИЈА – ИЗРАЕЛ
29. јуни (четврток)
17.00 МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ
19.00 ГРЦИЈА – ЦРНА ГОРА

Сите натпревари можете да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ