Легендата на Македонскиот ракомет, најдобриот стрелец во историјата на светските првенства и Лигата на Шампионите, Кирил Лазаров доби место во „Куќата на славните“ на ЕХФ, новоформираната секција која европската куќа на ракометот ја воведе од оваа година.
Куќата на славните на ЕХФ во својата прва историска селекција доби имиња како Ивано Балиќ, Момир Илиќ, Штербик, Талант Душебаев, Даниел Нарцис и други звучни имиња кои оставија голем траг во ракометната историја.
Иста ваква листа за влез во Куќата на Славните има и кај дамите, а таму е и името на македонската снаа, Едуарда Аморин – Талеска. Место на списокот има и за Ања Алтхаус и Ирина Дибирова.
На свеченоста заедно со Лазаров е присутен и првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.