Македонскиот првак екипата на Струга Трим Лум која за прв пат во клупската историја ќе настапи на европската сцена, го дозна својот противник во Лигата на шампионите.
Стружани во првата квалификациска рунда ќе имаат голем предизвик во дуелот со литванската екипа Жалгирис.
Вака поска денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА во Нион.
Струга Т.Л. првиот дуел против Жалгирис ќе го игра на гостински терен во Каунас, на 11 или 12 јули, а реваншот на домашен терен е седум дена подоцна 18/19 јули.