Кошаркарките на Барселона се новите шампиони на Шпанија откако со (3-0) во победи во кошаркарското Ел Класико славеа над бранителот на круната Реал Мадрид со 82:93.
Каталонскиот клуб беше подобар противник од домашниот тим и сосема заслужено стигна до шампионската титула што е 17-та за нив во историјата на лигата, а Реал остана на 14 титули.
По израмнетото прво полувреме каде Реал замина на пауза со позитива од (+3) поени (41:38), во продолжение на мечот Барселона беше таа која го диктираше темпото на играта и резултатот и не му дозволи на противникот да ја наметне својата препознатлива игра.
Посебно во второто полувреме доминираше гостинскиот тим кој ги доби и двете четвртини и стигна до победата и шампионскиот пехар.
Најефикасни на мечот беа, кај домашните Таварез со 19 коша, а тотално потфрлија Љуљ, Фернандез и Родригез кои заедно постигнаа премали само 11 коша. Кај Барселона исто така со 19 коша најдобар беше Весели, Миротиќ даде 14, а Јокубаитис 13 коша.
За МВП на финалниот турнир беше прогласен играчот на Барселона Никола Миротиќ.
Томислав Атанасовски