Шпанскиот играч од средниот ред, Родри, смета дека ова е најдобриот период во неговата кариера, со бројот на освоени титули и со начинот на кој игра.

Родри би можел да ја додаде и титулата од Лигата на нации во својата колекција, по завршувањето на тројната круна со Манчестер Сити, но тој најави дека е фокусиран на играта на репрезентацијата во финалето против Хрватска.

Родри рече дека би значело многу да се освои трофеј со Шпанија откако со години не успеале да освојат титула.

„Се разбира, тоа би било нешто големо, но не размислувам многу за индивидуалните титули. Сега мислам само на колективот, не и индивидуалните признанија. Како што реков, мислам на освојувањето титули како тим, со репрезентацијата. Мислам дека има многу добри играчи од светски калибар и ако сум искрен, мислам дека мојата репрезентација која ќе се соочи со Хрватска, ќе стори се да освои толку важен трофеј за нас“, истакна Родри.

Дали фудбалерот на Манчестер сити и шпанската репрезентација и четврти пат сезонава ќе се радува на трофеј останува да видиме по финалето што ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути.