Спринт трката на патеката Захсенринг во Германија каде утре ќе се вози 7-та трка од Мото ГП шампионатот ја доби Хорхе Мартин од Прамак Дукати.

Тој беше најбрз и заслужено ги освои 12-те бода кои се наменети за победникот на оваа спринт трка, втора за него оваа сезона.
Втор заврши Пеко Бањаја од Дукати кој освојува 9 поени, додека Џек Милер од тимот на КТМ освои 7 поени и заврши на третото место.

Па така во Генералниот пласман на првото место е Италијанецот, Бањаја од Дукати со 140 бода, втор е сега Мартин со 119 бода, а Бецеки од ВР46 Дукати со 113 бода е трет.

Трката за големата награда на Германија на патеката Захсенринг се вози утре од 15.10 часот, а од пол-позицијата ќе стартува актуелниот шампион Бањаја кој имаше најбрзо време на утринските квалификации

Томислав Атанасовски