Германскиот Ф1 пилот и четирикратен шампион Себастијан Фетел се враќа во тимот каде ги постигна најголемите успеси во кариерата.
Тој на 9 септември ќе го вози болидот на Ред бул, на патеката „Нирбургринг“, соопштија од австрискиот тим.
Фетел ќе учествува заедно со младите возачи на спектаклот на патеката „Нирбургринг“, кој ќе трае 12 часа. Целиот спектакл ќе биде дел од демонстрацијата на возење на е-горива.
Повторно ќе седне во болидот РБ7 со кој ја освои титулата во Ф1-шампионатот во 2011 година, а исто така ќе настапи и резервниот возач на Ред бул, Даниел Рикардо. Тој ќе настапи во РБ8, кој го возеше во 2012 година.
Фетел со тимот на Ред Бул освои четири титула по ред во Ф1 во 2010, 2011, 2012 и во 2013 година.
Инаку за љубителите на Ф1, викендов се вози трката за ГН на Канада на патеката Жил Вилнев.
Квалификациите се закажани за вечерва од 22.часот, а трката е утре од 20.часот.
Томислав Атанасовски