Франческо Пеко Бањаја од Дукати ќе стартува од пол-позицијата на патеката Захсенринг во Дрезден за ГН на Германија.
Последниот тренинг па и квалификациите повторно ги одбележа Марк Маркез од Хонда кој повторно имаше пад и на крајот заврши на седмото место.
Возачите на Дукати доминираа на легендарната патека, откако дури петмина се пласираа на првите шест позиции.
Само Џек Милер од КТМ стигна до третото место и ги раздели возачите на Дукати.
Веднаш до Бањаја од второто место ќе стартува возачот на Дукати ВР46 тимот, Лука Марини, а неговиот клупски колега Бецеки исто така имаше пад на истото место како и Марк Маркез и утре трката ќе ја почне од петтото место.
Жоан Зарко од Прамак Дукати е четврти, а Хорхе Мартин е шести.
Спринт трката во кралската класа е закажана од 15.часот, а трката е утре со почеток од 15.10 часот.
Томислав Атанасовски