Ивана Арсениевска потпиша за израелскиот клуб Бнеи Херцилија на една сезона. На 19 години, ова е прв интернационален предизвик за Ивана.
Таа во последните две сезони беше дел од екипата на Металург, каде се истакна како еден од најдобрите стрелци во тимот.
Ивана беше дел од македонската репрезентација на европското првенство што се одржа во Скопје.
Екипата на Бнеи Херцилија претходната сезона играше во финалето од плеј-офот во израелското првенство, под водство на српскиот стручњак Живојин Максиќ, кој беше поранешен селектор на српската репрезентација.
Сега, во Бнеи Херцилија, Ивана ќе има можност да се натпреварува со најдобрите ракометни тимови во Израел и да го прошири своето искуство.
Ивона Кимовска