Стручниот штаб и тренерот на кадетската машка репрезентација Радослав Стојановиќ, го објавуваат поширокиот список за претстојното Светското првенство за ракометари до 19 години, што ќе се одржи во Хрватска во период од 2 до 13 август.
На поширокиот список на Стојановиќ се дури 35-мина ракометари што ќе претендираат за црвено-жолтиот дрес на играчи што ќе настапат на Мундијалот.
Кадетската машка репрезентација на Македонија е дел од групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и Грузија.
Првите две репрезентации од групата обезбедуваат пласман во Главната рунда, а останатите две репрезентации се пласираат на Президент Куп.
Во Главната рунда вкрстуваме со групата Е, во која е репрезентациите на Мексико, Данска, Чиле и Австрија.