Во вториот натпревар од финалната серија на италијанскиот шампионат, Милано забележа триумф над Виртус Болоња со 76:79 и поведе со 2:0 во победи.

Натпреварот не заврши со истекот на 40-тата минута. Имено Србинот, Милош Теодосиќ и Данел Хакет влегоа во физичка пресметка со домашните навивачи. 

Споменатите кошаркари исфрустрирани од поразот и немоќта на теренот, решија да се пресметаат со домашните навивачи. За среќа останатите играчи брзо реагираа и прекинаа со понатамошни инциденти.

Двајцата гостински кошаркари имаа очаен натпревар па Теодосиќ средбата ја заврши со четири, а Хакет со три поени.

Следните два натпревари се играат во Болоња.