Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја потврди својата доминација на годинашниов Грен слем турнир во Париз на Ролан Гарос откако во финалето го победи четвртиот носител Каспер Руд со 3-0 во сетови (76(1) 63 75). Ова за популарниот Ноле е 23.та Грен слем титула во кариерата во неговото 34.то Грен слем финале.
Почетокот на мечот беше во знакот на Руд, кој направи брејк и поведе со 3:0, но Ѓоковиќ брзо се врати и по брејкот поведе со 4:3. Првиот сет беше решен во тај брек, кој на убедлив начин му припадна на Ноле со 7:1 на поени. Вториот сет беше во знакот на српскиот тенисер, кој веднаш направи брејк за водство од 3:0 и предоста ја зачува до крајот на сетот. Во третиот сет клучниот гем беше 11.тиот кој го доби Ѓоковиќ и сетот го реалзираше со 7:5.
Меѓу гледачите на ова финале беа неколку познати ѕвезди како Том Брејди (квотербек од НФЛ), фудбалерите Килијан Мбапе, Златан Ибрахимовиќ, Оливие Жиру, како и актерот Хју Грант.
Од утре Ѓоковиќ повторно ќе биде број 1 на АТП листата.