Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Роланд Гарос. Ова е исходот по фантастичниот полуфинален меч број 1 во Париз во кој двајцата најдобри тенисери на денешницата понудија врвен тенис и спектакуларни поени, а мечот му припадна на Србинот со 3:1 во сетови.
Голема борба се водеше во првите два сета во кои првиот сет доби Новак со 6:3, а вториот Карлос со 7:5
Во третиот сет младиот Шпанец се пожали на повреда, но стисна заби и го доигра мечот. Сепак иако се обидуваше да остане во игра Алкараз во таква ситуација немаше шанси па Ѓоковиќ ги доби следните два сета со идентични 6:1, за конечни 3-1 по сетови и пласман во ново финале.
Кој ќе биде противник на Новак во финалето закажано за во недела ќе дознаеме по вториот полуфинален меч во кој ќе играат (4) Каспер Руд од Норвешка – (22) Александар Зверев од Германија.