Кадетките на Вардар го освоија шампионскиот трофеј, наменет за најдобрата женска екипа на кошаркарки до 16 години.
Вардарки во финалето на завршниот „фајнал-фор“ турнир на доминантен начин стигнаа до трофејот.
Откако во полуфиналето ја надиграа екипата на МЗТ Скопје Аеродром со 38 поени разлика (92:54), во финалето исто така убедливо славеа против Бадел со 77:59.
Ања Начевска со 26 поени и 9 скока, беше најдобрата кошаркарка на финалниот меч, па сосема заслужено го понесе и признанието „МВП“.
Во дуелот за третото место, МЗТ Скопје Аеродром со 43:30 ја победи Струга и го освои бронзениот медал.