Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек се избори за своето трето финале во последните четири години на Грен Слемот на Ролан Гарос. Таа вечерва во финалето ја победи 14-тата носителка Беатриз Хадад Маја од Бразил со 2-0 во сетови (6-2 и 7-6).
Полската тенисерка беше доминантна во првиот сет кој го доби со 6:2 во гемови со три брејка наспроти еден на ривалката, додека во вториот сет се водеше голема борба. Двете тенисерки имаа по еден брејк, што значеше дека сетот ќе се решава во тај-брекот.
Бразилката дојде до водство од 6:5 во поени, но на сервис на противничката не ја искористи сет топката за да изедначи. До крајот полската тенисерка освои 4 од 5-те поени со еден „мини брејк“ што значеше и триумф.
Во финалето во сабота ќе игра против Каролина Мучова од Чешка, која по голема борба ја победи втората носителка Арина Сабаленка.
Her toughest test yet, but Iga gets the job done in two sets 💪
Check out the highlights 👇#RolandGarros pic.twitter.com/5RDjOdpA6W
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 8, 2023