Фудбалските федерации на Шпанија и Бразил на своите официјални веб-страници објавија дека репрезентациите ќе одиграат пријателски натпревар како дел од борбата против расизмот.
На плакатот за претстојниот натпревар има неколку играчи, меѓу кои и напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.
Токму Бразилецот, неодамна беше мета на расистички навреди во натпреварите од Ла Лига, особено изразен на дуелот на „Местаља“ против Валенсија, по што конечно сите се кренаа против ова зло, не само во спортот туку и во општеството воопшто.
Според најавата, Бразил и Шпанија натпреварот треба да се одигра во март следната 2024 година.