Каспер Руд е првиот мод темисерите што настапија денеска, а кој обезбеди четвртфинале во Париз.
Иако четвртиот носител со максимални 3-0 во сетови го победи Николас Јари од Чиле сепак мечот не беше лесен.
Напротив, во мечот траеше речиси 3,5 часа, првиот сет беше решен во тај-брејкот со 7-6, а во следните два се играа по 12 гема односно Руд гио доби со 7-5 и 7-5.
Руд сега го чека исходот ое мечот што е во тек во кој 6.носител Холгер Руне од Данска игра против (23) Франциско Церундоло, Аргентина.
Четвртфиналните двојки ќе бидат комплетирани вечерва по мечот меѓу (28) Григор Димитров, Бугарија – (22) Александар Зверев, Германија што треба да почне после 20 часот, а претходно својот осминафинален дуел ќе го играат Томас Мартин Ечевери, опд Аргенита и (27) Јошихито Нишиока од Јапонија
Првите два пара за 1/4 финалето ги сочинуваат: (1) Карлос Алкараз, Шпанија – (5) Стефанос Циципас, Грција и (4) Новак Ѓоковиќ, Србија – (11) Карен Кахчанов, Русија дуел кои на програмата се утре.
EPIC @NicoJarry 😯#RolandGarros pic.twitter.com/9FCFujpAKX
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 5, 2023