Последните натпревари од 38-то, последно коло во Италија ќе биде доста интересно, со оглед на тоа што ќе се решава кој ќе патува во Лигата на Европа и Конференциската Лига, а ќе се одлучува и кој ќе избори оостанок.
Во горниот дел на табелата, повеќе тимови фигурираат за пласман во Европа, а во најдобра ситуација се Аталанта и Рома на петатта односно шестата позиција.
,,Божицата” од Бергамо е во најповолна ситуација, ако се земе предвид дека Аталанта има 60 бода и е на петатта позиција. Избраниците на Гасперини денеска на домашен терен ја пречукваат Монца, па со победа ќе го осигураат петотто место и пласманот во Лигата на Европа.
Добра шанса за истото има и Рома, овогодинешниот финалист во тоа натореварување. Имено Волчицата има 59 бода и е на шестатта позиција а денес на домашен терен ја пречекува Специја. Со победа ќе обезбеди директен пласман во второто по ранг Европско натпреварување.
Јувентус пак е во незавидна ситуација па со 59 бода е на седмата позиција кое води во Конференциската Лига. Старата Дама гостува кај Удинезе, па со победа ќе чека кикс на Рома или Аталанта за место погоре со кое ќе избори пласман во Лигата на Европа.
Најинтресно ќе биде на дното каде Верона и Специја влегуваат со ист број бодови 31. Според правилото на Серија А, доколку двата тима завршат со ист број бодови ќе се игра бараж натпревар на неутрален терен.
И двата тима имаат тешка задача во последното коло, каде гостуваат кај Рома односно Милан. Во нешто подобра ситуација е Верона ако се земе предвид дека Милан ќе игра без императив победа, но тешко е да се очекува Росонерите да се опуштат и со тоа го ризикуваат својот имиџ.
Освен натпреварот Наполи – Сампдорија кој нема никакво резултатско значење и почнува во 18часот сите други ќе се играат во 21 часот.