Bистинска лудница во Белгиското првенство, екипата на Антверпен во финишот дојде до титулата.
„Кралскиот“ клуб по пауза од 66 години стигна до титулата првак, петта во историјата.
Трите екипи кои беа во игра титула, Генк, Антверпен и Ројал Унион до последен момент имаа шанса да дојдат до титула.
Генк играше со Антверпен, а Ројал Унион со Клуб Бриж. Генк водеше на полувреме со 1:0 и ја имаше титулата во раце со оглед на тоа дека Ројал Унион во тие моменти имаше 0:0.
Генк до 90 минута водеше и со 2:1, а во тие моменти Ројал Унион имаше 1:1. Во последните пет минути трите екипи се менуваа на првото место на табелата. До 89 минута Ројал Унион беше шампион, а од 89. до 90. минута Генк и на крајот титулата ја отиде кај Антверпен!
Ројал прими два гола во судиското продолжение и изгуби со 1:3, а на другиот меч Антверпен извлече реми за титула со гол на ветеранот Алдервејрелд во 94 минута!
Навивачите се на улиците и на големо се слави титула по 66 години.