Историската сезона за Наполи заврши на најдобар можен начин, со победа пред домашните навивачи.
Избраниците на Спалети со сигурни 2:0 ја испратија Сампдорија во Серија Б.
Водство за домаќините донесе најдобриот стрелец во лигата Виктор Осиме, кој од пенал во 64-тата минута го реализира ударот од белата точка.
Конечните 2:0 ги постави Џовани Симеоне во 85-тата минута.
Ељиф Елмас беше стартер и одигра 66 минути кога беше заменет од Распадори.
Со оваа победа Наполи дојде до 90 бода и ja затвори феноменалната сезона во која по 33 години ја освои титулата во Италија.