Eкипите на Вајперс Кристиансанд ФТЦ Ференцварош се пласираа во финалето од женската Лига на шампиони што се одржува во Будимпешта.
Во првото полуфинале, Вајперс Кристиансанд го совлада тимот на Ѓер, додека во второто Ференцварош ја победи екипата на Есбјерг со 30:29.
Во текот на натпреварот од првото полуфинале актуелниот шампион имаше дури плус седум позитива и комплетна контрола на теренот, па на полувреме заминаа со 23:18. Во втората половина, Ѓер го даде својот максимум и со голема борба успеа да го израмни резултатот. Сепак тоа не беше доволно, бидејќи во неизвесната завршница подобро се снајде екипата на Кристиансанд која славеше победа со 37:35 за место во финалето.
Во второто полуфинале се сретнаа екипите на Ференцварош и Есбјерг. Екипата на Ференцварош до финалето стигна благодарение на голот на Емили Белк во последните секунди, а со конечен резултат 30:29 .
Во првата половина, Есбјерг го контролираше натпреварот и одржуваше предност во поголемиот дел од полувремето. Данскиот тим на почетокот на натпреварот создаде благо водство. Ференцварош се обиде и успеа да ја намали разликата на 13:14. Но. Есбјерг не дозволи да израмнат, па повторно го зголеми водството, и на полувреме имаше предност од +4 гола (17:13).
Меѓутоа тимот на Ференцварош не се откажа, па во почетните минути од втората половина успеа да израмни на 21:21. Последните десет минути беа клучни за овој натпревар. Тимот на ФТЦ во 24-тата минута прв пат на натпреварот успеаја да поведат со +2, Есбјерг сепак израмнија. Со голот на Болк во последните секунди Ференцварош успеа да оствари победа и се квалификува во големото финалето.
Дуелот за шампионскиот трофеј на програмата е утре од 18 часот, а претходно од 15:15 ќе се игра мечот за третото место.
Ивона Кимовска