Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, попладнево ја очекува вториот натпревар во Европската Сребрена лига.
По стартниот пораз од Австрија, македонските одбојкарки ќе се обидат дополнително да го подобрат впечатокот во дуелот со селекцијата на Летонија.
Не е дека немаме квалитет, туку потребно е време и поддршка а овие млади одбојкарки да го потврдат тоа, смета селекторот Стефан Пауновиќ.
„Знам дека од меч во меч ќе биде се подобро, затоа што гледам желба кај девојките.
Ќе излеземе на терен да се бориме за секој поен, тоа ни е главно нешто, па за секој сет, па зошто и да не се обидеме да победиме?
Ние сме млада репрезентација со голем потенцијал, но, за жал без искуство за европските натпревари.
Потребно е време и поддршка овие девојка да докажат дека поседуваат квалитет“,
изјави Пауновиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Летонија што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе започне од 17:30 часот, а е првиот од двојната програма, бидејќи од 20:15 часот во истата сала ќе играат и машките селекции на Македонија и Белгија во рамките на Златната лига.