Екипата на МЗТ Скопје Аеродром поведе со 2:0 против Пелистер во финалето од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
На вториот натпревар одигран во СЦ Јане Сандански, актуелниот шампион славеше победа над битолчани со 75-67.
Уште во првата четвртина, аеродромци најавија дека ќе атакуваат на триумф на овој натпревар, добивајќи го периодот со 8 поени разлика (25-17).
Иако во следните два плистерци беа по конкурентни сепак и тие им припаднаа на домашните со поен односно три (19-18 и 18-15), па во последниот период МЗТ влезе со 12 поени позитива (62-50).
Таквата предност актуелниот првак умешно ја одржуваше и на крај заслужено славеше со конечни 75-67.
Најефикасен во победничката екипа беше Војдан Стојановски со 23, додека Абу постигна 15, а Андоновски и Кафи додадоа по 12 поени.
Кај поразените повторно најдобар беше македонскиот репрезентативец Андреј Маслинко кој оствари дабл-дабл со 16 поени и 10 скокови.
Сега серијата подобар до три победи се сели во Битола, за каде се предвидени следните два натпревар. Третиот ќе се игра претстојниот викенд, а доколку е потребно четвртиот на програмата би бил следната среда.