Екипите на Новаци и Осогово се „лаки-лузерите“ и следната сезона ќе играат во Втората македонска фудбалска лига.
Ова е исходот од денешната ждрепка одржана во просториите на ФФМ, која среќа им донесе на овие две екипи, кои заедно со Влазрими беа поразени во бараж натпреварите со Тетекс, Вардар Неготино и Башкими.
Влазрими кој немаше таква стега осамнува и следната сезона да се натпреварува во Третата лига.
Новаци и Осогово го комплетираа списокот на 16-те екипи кои следната сезона ќе играат во Втора лига, во која ќе бидат и екипите на: Скопје, Охрид, Победа, Пелистер, Детонит Плачковица, Беса, Арсими, Кожуф, Беласица, Караорман, Каменица Саса, Тетекс, Башкими и Вардар Неготино