Екипите на Севиља и Рома во сред во Будимпешта ќе се борат за трофејот во УЕФА Лигата на Европа.
Тоа ќе биде првото од трите финалиња на европската клупска сцена, како вовед за конференциската лига, а пред се Лигата на шампиони.
Шпанската Севиља е најуспешната екипа во историјата на ова натпреварување. Андалузискиот тим има можност по седми пат да го освои трофејот во Лигата на Европа. Под водство на тренерот Хозе Луис Мендилибар, Севиља мина тежок пат до Будимпешта, по кој мораа да ги надиграат гигантите Манчестер Јунајтед и Јувентус.
„Нашата цел беше да дадеме се од себе во ова натпреварување и се оди добро. Елиминиравме два големи тима во Јунајтед и Јуве и ќе се претставиме во Будимпешта против уште еден голем тим и уште еден одличен тренер. Луѓето не очекуваа дека ќе направиме вакво нешто, но ние тоа го постигнавме. Па сега целиме и а трофејот“, изјави тренер на Севиља, Мендилибар.
Иако традицијата е на страната на шпанската екипа, сепак противникот италијанската Рома, има свои адути, а главен секако е тренерот Жозе Мурињо.
„Мојата грижа беше да стигнам до финалето. Севиља е многу силен тим и има големо искуство.
Досега мислевме на настапите во италијанската лига, а сега размислуваме само за Лигата на Европа“,
истакна Мурињо.
Откако лани ја водеше својата екипа до титула во Конференциската лига, Жозе Мурињо сега сака да биде првиот тренер кој го освоил ова натпреварување со три различни страни, откако тоа го направи со Порто во 2003-тата и со Манчестер Јунајтед во 2017 година.
Ќе му успее ли тоа на Португалецот или Севиља ќе ја продолжи традицијата на освојување на трофеите о Лигата на Европа, ќе видиме во среда за кога е закажан финалниот натпревар.