Екипата на Стружанка повторно е шампион во женската ракометна кадетска лига. Во финалето од завршниот ,,фајнал фор” турнир што се одржа во спортската сала ,,Методиј Митевски – Брицо” , Стружанка успеа да оствари победа над Ѓорче Петров со 28:24.
Двете екипи играа мотивирано и се бореа за секоја топка, но кадетките на Стружанка кои во поголемиот дел од натпреварот ја контролираа играта и резултатот, на крајот сосема заслужено победија и се радуваа на шампионскиот трофеј.
Третото место го освои тимот на Скопје откако во „малото финале“ ја совлада домашната екипа на Делчево убедливо со 40:31. Кадетките на Скопје цел натпревар имаа водство и го задржаа до крај со што потврдија дека се поквалитетен тим.
Претходно во полуфиналето, шампионките Стружанка беа подобри од екипата на Делчево со 35:29, а Ѓорче Петров го совладаа Скопје со 27:24 .
Така кадетската селекција на ЖРК Стружанка втора сезона во низа го освојува шампионскиот трофеј во оваа конкуренција.
Ивона Кимовска