Голден Арт ја има најдобрата младинска екипа сезонава во македонскиот ракометен шампионат. Голден Арт го совлада тимот на Бутел во финалето од машката младинска лига што се одржа во спортската сала ,,Млаз” во Богданци со 31:27.
Двата тима покажаа огромна желба и мотивација за освојување на титулата.
Натпреварот стартуваше со по еден гол на двете страни и израмнет резултат се до 6-тата минута (3-3).
Пота Бутел направи серија од 5:0 и поведе со 8:3. Но, тимот на Голден Арт не се откажа, па во 21-та минута израмни на 11:11. Бутел не дозволи Голден Арт да направат разлика. На полувремето се замина со резултат 15:14 за Бутел.
Втората половина од натпреварот, започна голема со борба за секоја топка и израмнет резултат.
Голден Арт прв пат успеа да поведе со +2 во 42-та минута. Тие ја одржуваа предноста, а на моменти и зголемуваа, за на крајот младинците на Голден Арт сосема заслужено да го совлада Бутел со конечни 31:27 и да се радуваат на шампионската титула.
Третото место го освои домашниот тим на Младост кој успеа да ја совлада екипата на Пролет со 31:26.
Ивона Кимовска