Делчево денеска ги слави пионерките на Патриот 2016 кои станаа шампионки на Македонија во кошаркарската М12 конкуренцијата.
Тие во финалето го победија Баскет Кам 2011 со (41:22) на завршниот турнир кој се играше во Скопје во малата сала Кале.
Победникот на овој меч беше решен во второто полувреме кое кошаркарките од Делчево го добија со (24:11) и на тој начин го одлучија новиот шампион на Македонија во М12 конкуренцијата кај пионерките.
Во борбата за третото место и бронзениот медал, домаќинот на турнирот Вардар славеше против Струга 2009 со 23:21.
Томислав Атанасовски