Македонскиот репрезентативец и член на калчолигашот Удинезе, Илија Несторовски го прекина голгетерскиот пост од месец Ноември и конечно денес на гостувањето кај Салернитана се запиша во листата стрелци.
Гостите од Удине тргнаа одлично и веќе во 30-тата минута имаа предност од 0:2, отакко најпрвин Зегелар во 25-тата минута доенсе предност, за да во 30-тата минута, Несторовски на асистенција на капитенот Перира, зголеми на 0:2.
Сепак наместо сигурна победа, на крајот гостите од Удине претрпеа вистински шок и во финишот го загубија натпреварот.
Салернитана брзо се врати во натпреварот преку Кастанос во 43-тата минута, па на полувреме отиде со негатива од еден гол, 1:2.
Домаќините притискаа и бараа изедначување уште од стартот на второто полувреме, а до истото дојдоа преку ветеранот Кандрева во 57-та минута.
Удинезе имаше целосна доминација на натпреварот и напаѓаше за враќање на водството, но голманот Фиорило во два наврати со супер одбрани ја чуваше својата мрежа.
Работите тргнаа по лошо за тимот на Сотил во 87-та минута кога Зегелар доби втор жолт картон, па ги остави своите соиграчи на цедило.
Казната за тоа стигна во самиот финиш на натпреварот, поточно во 96-тта минута, кога Трост Еконг донесе целосен пресврт и победа за Салернитана од 3:2.
Несторовски кој беше стартер и го постигна својот втор сезонски погодок беше заменет во 64-тата минтуа.
Удинезе во последното коло ќе го пречека Јувентус, додека пак Салернитана гостува кај Кремонезе.
Почетна Фудбал Репрезентација (ВИДЕО) Несторовски го прекина постот и погоди, Удинезе загуби кај Салернитана