Полека привршуваат натпреварите во младинските кошаркарски конкуренции. Викендов ќе го добиеме и шампионот воп конкуренција на младински односно во машката М18 лигата.
На турнирот, што денеска и утре ќе се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, четири тима ќе се борат за шампионскиот трофеј.
Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Работнички и на Вардар е закажано за 17.30.часот. А нешто подоцна, од 20. часот, за место во финалето ќе разигруваат Водно Санс и домаќинот на овој турнир, екипата на Феникс баскет.
Како и за останатите младински конкуренции така и во оваа за сите екипи предвиден е и паричен награден фонд, а тој за победникот, од финалето закажано за во недела од 20 часот ќе изнесува 55.000 денари, додека поразената екипа ќе добие 35.000 денари.
Натпреварот за третото место (недела, од 17.30 часот), освен бронзените медали носи и 30.000 денари, а последно пласираната екипа ќе добие 20.000 денари.