Тимот на Симоне Инзаги фати одличен ритам во финишот на сезоната, па по титулата во Купот, пласманот во финалето на Лигата на Шампионите, сега се на втората позиција на табелата во Серија А.
По се изгледа дека првите виолини во нападот, Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку ја пронајдоа својата форма и се незапирливи.
Во еден исклучително изедначен натпревар, Интер подобро ги користеше своите шанси па со 3:2 се радуваа на победа над Аталанта, која остана без шанса за пласман помеѓу најдобрите четири на табелата.
Нероаѕурите тргнаа фуриозно во натпреварот, па по само три минути играа имаа предност од 2:0. Уште на самиот старт во првата минута Ромелу Лукако донесе предност, а само две минути подоцна и Николо Барела го совлада противничкиот голман за 2:0.
Аталанта успеа да се опорави од почетниот шок па преку Пашалиќ во 36-тата минута се врати во натпреварот.
Гостите се обидуваа целосно да се вратат, но Интер паметно се бранеше а трпеливо ја чекаше својата шанса повторно да се закани. Најдобриот напаѓач на Интер оваа сезона, Лаутаро Мартинез во 77-та минута донесе предност од 3:1.
Аталанта во финишот успеа да намали на 3:2, но сили за нешто повеќе немаше, па претрпе пораз со кој остана на 61 бод и без шанси за пласман во најдобрите 4.