По две годишна пауза ФК Вардар повторно е онаму каде што припаѓа во Првата македонска фудбалска лига.
Проблемите со кои се судрува црвен-црните во текот на сезоната ниту од далеку не се надминати. Но, она што е вредно да се истакне дека во овој тежок период за вардарци, тие најдоа сили и начин како да промовираат повеќемина фудбалери од младинските погони, за што веќе пишувавме.
Така, стручниот штаб на Вардар, на чело со Бобан Грнчаров, во сега веќе изминатата сезона, шанса им даде на деветмина играчи од младинската школа на клубот.
Најголема доверба имаше во Давор Серафимов, играчот роден 2005 година целосна ја оправда довербата настапувајќи на 22 натпревари во ВМФЛ или вкупно поминати 1300 минути на теренот со кои се најде во ТОП-10 играчи кои имаа најголема минутажа сезонава на првенствените натпревари.
Своето деби на официјален натпревар сезонава го имаа уште осум други играчи.
Ѓорѓи Дошев (392 одиграни минути), Горјан Цветков (247), Марко Стојилевски (196), Огнен Здравковски (167) Тино Спасиќ (136), Максим Бундалески (86), Матеј Митревски (23) и Марко Николовски (14).
Очекуваме ваквиот тренд вардарци да го задржат и следната сезона, без разлика што црвено-црните ќе имаат далеку поквалитетни противници во Првата лига, бидејќи само на тој начин, Вардар, ни и македонскиот фудбал може да се надеваат на успеси во иднината, давајќи им шанса на младите фудбалери.