Одложениот дуел од 32.коло од Премиер лигата меѓу Брајтон и Манчестер Сити одигран вечерва заврши без победник 1:1, а беа поништени и три голови со ВАР одлуки (два за Брајтон и еден за Манчестер Сити).
Двете екипи ја играат најдобрата сезона.
Манчестер Сити ја одбрани титулата, а Брајтон за првпат избори пласман во европските купови и ќе игра во Лигата Европа следната сезона освојувајќи 62 бода за пласман на шестото место.
Нерешениот резултат означи и крај на серијата од 12 победи на Манчестер Сити, но серија која им ја донесе и титулата. Последн пат нерешено одиграа на 18.февруари против Нотигнем Форест.
Гостите од Манчестер поведоа во 25.минута преку Фил Фоден, на асистенција на Ерлинг Халанд. Брајтон изедначи со прекрасниот гол на Жулио Енцисо во 38.минута. Тоа беа и головите на овој дуел постигнати во првиот дел, а темпото на играта во второто полувреме падна и немаше интензитет натпреварот.
Манчестер Сити е прв со 89 бодови или осум пред Арсенал.
Во пресрет на последното коло кое се игра во недела, утре вечер е одложениот дуел меѓи Манчестер Јунајтед и Челзи.