Македонската тенисерка федерација како дел од активностите за Челинџер 75 турнирот „Macedonian Open“ денеска одржа и прес конференција на која присутни беа и првите луѓе на федерацијата, како и директорот на турнирот и нашиот најдобар играч Калин Ивановски. По пауза од 23 години Скопје и терените на ТК Југ се место каде се игра тенис на нешто повисоко ниво во однос на претходно.
„Кога аплициравме за турнирот и да биде во рангот на Челинџер 75 им го презентиравме нашиот план во АТП. Тоа е овој турнир од ова ниво сега е единствениот во светот, но турнирот има посебен белег затоа што 10 најдобри младинци се тука во Скопје, како Мили Пољичак од Хрватска победник на јуниорски Вимблдон, потоа Мартин Ланадалусе од Шпанија победник на УС Опен, Кампана Ли од Кореја, секако и нашиот Калин Ивановски. Овој турнир ќе ги собира најдобрите младинци и ќе се одржува во овој период и следните години, особено што оваа недела се играат квалификациите за Ролан Гарос“,
истакна претседателот на Македонската тениска федерација Александар Ивановски.
За важноста на турнирот особено за играчите кои се со ранг околу 200-то место на АТП листата важноста е пред бројот на поени кои ги добива победникот.
„Тенисерот што ќе победи на овој турнир ќе освои 75 поени и ќе има можност да направи голем скок на АТП листата, затоа очекуваме квалитетни мечеви и голема борба“, потенцираше потпретседателот на МТФ Горан Рафајловски
Турнирот веќе го одработува вториот ден, на кои покрај финалните мечеви од квалификациите почнаа и мечеви од првата рунда на „главниот турнир“.
„По 23 години повторно имаме голем тениски настан. Но, за разлика од претходно сега имаме турнир со поголем награден фонд 73.000 евра.
Засега критиките се позитивни, очекуваме така да биде и до сабота кога ќе треба да се играат финалните мечеви“,
изјави директорот на „Macedonian Open 2023“ Горан Шевченко.
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе биде дел од турнирот и во првото коло ќе игра утре против Дино Призмиќ од Хрватска.
„Добро сум подготвен и очекувам добар меч утре. Со Дино се познаваме добро и мислам дека ќе биде убав меч за гледање“, напомена Калин Ивановски.
Турнирот ќе трае до сабота кога се играат финалните мечеви во двете конкуренции.