Екипата на Монако го освои третото место во Евролигата. Францускиот тим во дуелот од утешното „мало финале“ на фајнал-форот во Каунас, неочекувано лесно ја совладаа Барселона 78:66.
Дека желбата да се збогуваме со крената глава е посилна од разочарувањето поради очајната трета четвртина од полуфиналето против Олимпијакос, со само два постигнати поени, беше јасно веќе во раната фаза на денешната средба. „Кнезовите“ веќе имаа +11 на крајот од првата четвртина, а до крајот на мечот ретко ја губат двоцифрената предност стекната во тој момент. Кога дојдоа со 21 поен разлика пред последната чевртина, беше јасно дека нема спас за Каталонците.
Најефикасен во тимот на Монако беше Метју Стрејзел со 14 поени, а Алфа Диало и Ели Окобо постигнаа по 10, а кај поразениот тим најдобар беше Никола Миротиќ со 15 поени.
Во финалната пресметка за европскиот трон од 19 часот, ќе се борат кошаркарите на Реал Мадрид или Олимпијакос.