Борусија Дортмунд со победа од 3-0 над Аусбург успеа да се избие на првото место на табелата, со што го мина вечниот ривал Баерн Минхен кој вчера „киксна“ против Лајпциг.
Почетокот на Аусбург беше катастрофален поради заработен црвен картон, што ги остави домаќините со 10 играчи.
Иако во првиот дел имаа бројни шанси сепак гостите го скршија отпорот во второто полувреме.
Хелер беше двоен стрелец, во 59-тата и 84-тата минута, а конечниот резултат го постави Брандт во 90+3.минута по одлична акција со Шлотербек.
Победата на Дортмунд му овозможи првото место со 70 бодови, два повеќе од вечниот ривал Баерн Минхен.
Сепак, шампионот во најпрестижната германска лига, ќе се одлучи во последното коло, во кое „милионерите“ го пречекуваат Мајнц, а „баварците“ ќе гостуваат во Келн.