Наполетанците уште еднаш потврдија дека оваа сезона се едноставно најдобар тим во Италија, па со сигурни 3:1 го победија Интер.

Избраниците на Спалети беа подобри во целиот натпревар а олеснителна околонст беше и црвениот картон на Гаљардини во 42-та минута.

По серијата напади, домаќините конечно во 67-та минута преку Ангуиса дојдоа до предност од 1:0. Само 11 минути подоцна Симеоне погоди за 2:0, но неговиот гол беше поништен поради фаул.

Ваквиот расплет му даде ветер во грб на Интер, па Нероаѕурите преку Лукаку во 82-та минута дојдоа до изедначување.

Сепак Наполи во финишот притисна посилна па со одличниот погодок на Ди Лоренцо во 85-тата и голот на Гаетано во судиското надополнување, дојде до сигурни 3:1.

Нашиот репрезентативец Елмас беше стартер и одигра 69 минути кога беше заменет од Распадори.