Екипата на Крива Паланка, а подоцна и домашниот тим на Баскет Кам 2011 изборија место во финалето на ,,Ф4″ турнирот во младинска конкуренција, за кошаркарки до 18 години, што се игра во спортската сала ,,Кирил и Методиј” во Македонска Каменица.
Тоа епилогот по денешните одиграни полуфинални средби во кои, прво екипа на Крива Паланка ги победи своите врснички од Штип, тимот на Тим Арена со 76:57.
Во вториот полуфинален дуел, домаќинот на турниот Баскет Кам 2011 го совлада составот од Скопје, екипата на Бадел 1862 со 70:52.
Финалето меѓу Баскет Кам и Крива Паланка, на програмата е утре со почеток од 14 и 30 часот, додека во борба за третото место ќе се сретнат Бадел и Тим Арена. Натпреварот за бронзениот медал ќе започне од 12.часот.
Покрај медаите и пехарите предвидени се и парични награди за четирите екипи и тоа.
Победникот, за прв пат ќе добие и парична награда во висина од 30.000 денари, а поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 25.000 денари. Победникот во натпреварот за третото место освен бронзените одличја ќе доби и парична награда во висина од 15.000 денари. Поразениот тим во „малото финале“ ќе добие 10.000 денари од вкупниот награден фонд кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.
Томислав Атанасов