Екипата на Македонија Ѓорче Петров е старо-новиот освојувач на трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија.

„Лавовите“ од Ѓорче повторно по пенал „рулетот“ стигнаа до трофејот. Во финалето одиграно на стадионот „Петар Милошевски“  крај ФФМ во Скопје, Македонија ЃП го совлада новиот шампион Струга Трим Лум, со 2-0 на пенали или вкупни 3-2.

По 120-минути игра двата тима постигнаа по еден гол.

Во првиот дел односно во 29-тата минута Мишевски со гол од пенал ја доведе Македонија во водство од 1:0. Во второто полувреме односно 79-тата минута Јусуфи израмни на 1:1, што беше резултат актуелен на крајот од 90-те минути, но и по дополнителните 30.

Во пенал рулетот, повеќе нерви и среќа имаа Ѓорчепетровци кои реализираа два удари, додека стружани промашија четири, па Македонија по трети пат во својата историја го освои трофејот наменет за победникот во Купот.

***ОСВОЕНИ КУП ТИТУЛИ***
5 ВАРДАР
4 РАБОТНИЧКИ
3 СИЛЕКС, СЛОГА ЈУГОМАГНАТ, МАКЕДОНИЈА ЃП,
2 ПЕЛИСТЕР, ШКЕНДИЈА, ТЕТЕКС
1 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ, БАШКИМИ, ЦЕМЕНТАРНИЦА 55, МЕТАЛУРГ, ПОБЕДА, РЕНОВА