Вардар и Ѓорче Петров се екипите кои обезбедија место во големото финале во женската младинска лига.
Од почетокот на натпреварот, Вардар ја покажа својата сила и доминираше на теренот во дуелот со Металург. Со извонредни перформанси на своите ракометари и ефикасен напад, тимот на Вардар изгради значајна предност над противникот, а на полувреме се замина со 17:10 за „вардарки“.
Во втората половина ,,црвено-црните” не дозволија никакво изненадување и само ја зголемуваа разликата. Вардар успеа да слави висока победа – 36:15.
Второто полуфинале почна изедначено од страна на двете екипи Ѓорче Петров и Шампион. Ракометарките играа мотивирано и се бореа за секоја топка. Екипата на Шампион успеа да создаде благо водство од 10:8, но Ѓорче Петров се обидуваше да ја намалат разликата и во тоа успеа и на полувреме резултатот беше 18:15 за домашната екипа.
Во второто полувреме Ѓорче Петров со одлична игра во 42 минута дојде до водство со +8, а до крајот само ја зголемуваше разликата и крајниот резултат беше 38:26.
Натпреварот за третото место утре е закажан во 17 часот, а за титула ќе се игра во 19:30 часот.