Олимпик Лион со пресврт славеше победа над Монако со 3:1 во воведниот натпревар од 36.коло на француската лига 1.
Иако натпреварот започна лошо за домаќините, кои по само 2-минути игра имаа негатива, сепак во продолжението заслужено стигаа до трите бода.
Гостите поведоа од пенал преку Бен Јадер во 2-минута, Александр Лаказет во продолжението одигра фантастично. Прво во 38-минута го израмни резултатот, а по неговите акции во вториот дел паднаа уште два гола. Максенс Какере во 57-та и Рајан Чарки во 78-минута ги постигнаа головите за пресврт и победа на Лион со 3:1.
За Монако ова беше трет пораз на последните пет натпревари на кои освои само четири бодови, па тимот од кнежеството и теоретски ја загуби трката за третото место со Марсеј, кој на две кола до крајот има недостижни осум бодови повеќе.
Лион кој е седми (59 бодови) се надева на „киксови“ на Рен (59) и Лил (60) за да стигне до петтото место кое води во Конференциската лига.