Саботниот натпревар против Астон Вила ќе биде последен на „Енфилд Роуд“ во дресот на Ливерпул за четворица негови долгогодишни првотимци.
Ливерпул потврди дека Роберто Фирмино, Џејмс Милнер, Алекс Окслејд Чембрлен и Наби Кеита го напуштаат клубот по крајот на сезоната.
На четворицата им истекуваат договорите и тие ќе можат слободно да изберат нова средина. Вакво нешто се најавуваше и претходните месеци, а сега и официјално е потврдено.
Од клубот потврдија дека на натпреварот против Астон Вила јавно ќе им се заблагодарат на четворицата играчи и изразија благодарност за сето она што досега го направиле за него.
Споменатиот квартет учествуваше во најголемите успеси на Ливерпул во тренерската ера на Јирген Клоп во претходните години .