Екипата на Струга Трим Лум веќе направи историски успех, освојувајќи го првиот шампионски трофеј во фудбалското првенство на Македонија. Стружани сега сакаат и до двојна „круна“, а шансата за тоа е е финалето во Купот против бранителот на трофејот Македонија Ѓорче Петров.

Христијан Малески кој важи за еден од најдобрите млади таленти во Македонија и член на екипата Струга Трим Лум изјави дека се многу мотивирани после освоената титула во првенството и дека главната цел ќе им биде двојна титула во Струга.

„Мислам дека ќе биде еден интересен натпревар со многу борба.
Тоа што имаме шанса за две титули оваа сезона нé мотивира уште повеќе.
Сигурен сум дека сите од нас ќе го дадат максимумот и се надевам дека ќе ја донесеме двојната круна во Струга“
вели Малески, во кратката, но конкретна изјава за Спорт+.

Ќе успее ли тимот од Струга во својата амбиција и намера, останува да видиме по одигрувањето на финалето закажано за утре од 17 часот во Скопје.

Филип Василевски