Еден од најдобрите тенисери во историјата и сигурно најдобриот играч на земја, Рафаел Надал ја потврди одлуката за неиграње на Ролан Гарос.

Шпанецот во видео обраќање посочи дека неговото тело не е во натпреварувачка форма и не може да издржи напор потребен за тениски меч.

Рафаел Надал во обраќањето не посочи точен датум на враќање на терените нагласувајќи дека и да се врати на терените, следната 2024 година ќе биде негова последна активна година.

Се ближи крајот на една од најубавите тениски приказни.