Екипите на Магдебург и ПСЖ обезбедија пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите односно на завршниот турнир во Келн што ќе се игра на 17 и 18 јуни. По одигрувањето на вечерашните два реванш четвртфинални дуели ќе се знаат и нивните ривали.
Секој друг резултат освен пласман на Барселона, европскиот шампион на завршниот турнир ќе биде голема сензација. „Каталонците“ во првиот дуел како гости убедливо го победија ГОГ со 37:30, па денешниот реванш е само формалност.
За разлика од овој натпревар дуелот меѓу Киелце и Веспрем секогаш носи неизвесност и тензии, особено што првиот натпревар во Унгарија заврши нерешно 29:29.
Според програмата денеска од 18:45 часот е почетокот на дуелот Киелце – Веспрем, а од 20:45 часот се игра дуелот Барселона – ГОГ.